Skip to main content

МОЖНОСТ ОПШТИНА ОХРИД УРБАНИСТИЧКИ ДА СЕ ДИГИТАЛИЗИРА

Компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

 |   | 

ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации.ГИС системот е законска обврска на секое претпријатие, односно локална самоуправа. Преку јавна набавка со обезбедени лиценци и софтвери кои се потребни за реализација на проектот.

Географски информационен систем (ГИС) е систем за управување со просторните податоци и карактеристиките што им соодветствуваат. Во најстрога смисла тоа е компјутерски систем што е способен за интегрирање, складирање, уредување, анализа и прикажување на географски информации. Во поширока смисла ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања (истражувања што ги создава корисникот), да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците.

Така, во иднина независно дали ќе се гради нов објект или санира голем дефект, нема да има потреба како до сега да се консултираат поединечно секоја од инстиитуциите чии подземни кабли се наоѓаат под охридските улици, што одзема и повеќе време, а ја усложнува и самата постапка за градење, односно санирање на дефектот.

Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности.