Skip to main content

МВР: Причина за вчерашниот инцидент на фудбалски натпревар во Волино, незадоволство од судска одлука

Денеска од министерството излегоа со детали околу вчерашните случувања за време на фудбалскиот натпревар во селото Волино, помеѓу екипите на ФК Сатеска од Волино и ФК Црно буки од Битола. 

 |   | 

Денеска од министерството излегоа со детали околу вчерашните случувања за време на фудбалскиот натпревар во селото Волино, помеѓу екипите на ФК Сатеска од Волино и ФК Црно буки од Битола.

Според соопштението од МВР, до инцидентот дошло околу 17.05 часот, кога поради незадоволство од одлука на судиите 47годишно лице од Волино влегло на теренот со цел да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при преземање на мерки за приведување на лицето, тоа пружило отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства ( при приведување на игралиштето и потоа и при транспорт, биле попречувани од страна на седум лица од Волино, кои се приведени во охридската Полициска станица. Во попречувањето учествувале уште три лица за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Инаку, синоќа, нешто по 19 часот беше блокирана улицата „Македонски просветители“ пред зградата на полиција. Од двете страни на улицата беа поставени барикади и имаше силно полициско обезбедување. Пред полициската станица се наоѓаа повеќе соселани на тројцата приведени жители на Волино.