Skip to main content

Седиментите земени од дното на Охридското Езеро зборуваат за климатска историја од еден милион години

После проектот за вадење на примероци од дното на Охридското езеро, најстарото езеро во Европа, проект кој започна од 2013 година , научниците извадија примероци кои во себе содржат климатска историја стара еден милион години. Утвредена е прецизно неговата старост од 1,3 милиони години, но откриен е јасен увид во климатските и геолошките промени во регионов милиони години наназад.

 |   | 

После проектот за вадење на примероци од дното на Охридското езеро, најстарото езеро во Европа, проект кој започна од 2013 година , научниците извадија примероци кои во себе содржат климатска историја стара еден милион години. Утвредена е прецизно неговата старост од 1,3 милиони години, но откриен е јасен увид во климатските и геолошките промени во регионов милиони години наназад.

Временскиот ток сокриен во седиментните примероци од Охридското Езеро на научниците им откри единствена врска помеѓу медитеранската клима и Африканските монсуни. Научниците почнаа со истражување на ова езеро кое се наоѓа помеѓу Албанија и Северна Македонија, пред речиси 15 години. Во 2013 година започнаа со проектот за дупчење на неговото дно и вадење на седиментни примероци од неговото дно. Најдлабоките бушења се спроведоа под езерското дно некаде на длабочина од 600 метри под земја. Во период од пет години, научниците ги анализираа примероците земени од под езерското дно, а податоците им дадоа увид во историјата и менувањето на медитеранската клима и промените на врнежите во регионов на годишно ниво.

Исто така овие истражувања ја открија и точната старост на нашето езеро. Имено геологот Хендрик Вогел од геолошкиот универзитет од Берн истакна:

„Седиментните примероци ни ја открија староста на Охридското Езеро. Се формирало пред точно 1,36 милиони години и оттогаш континуирано постои.“

Со споредување помеѓу добиените геолошки податоци и предвидувањата на климатските модели, научниците можеа да да ги калибрираат симулациите на климатските шеми не само во медитеранот туку и пошироко и истовремено да направат врска помеѓу различните промени на температурите, врнежите и друго. Од информациите содржани во седеиментите геолозите успеале да откријат и врска помеѓу Африканските монсуми и врнежите во зима во регионот на Медитеранот.

Со ова обемно испитување, покрај тоа што се добија попрецизни информации за староста и потеклото на Езерото, седобија резултати и за тектонските и вулканските промени, а се утврди и уделот на геолошките случувања од минатото на главните еволуциони процеси во езерото.Финансиската конструкција на овој научно истражувачки потфат, изнесуваше 2,5 милиони американски долари.