Skip to main content

Со мудро и внимателно користење на природните ресурси од Охрид-Преспа биосферниот резерват може да се спроведе одржлив економски развој за жителите на двете држави

На територијата на резерватот живеат околу 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска и шест на македонската страна.

 |   | 

Преку изработка и имплемантација на краткорочни и среднорочни акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните економски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно економски да се развива овој регион без притоа да се загрозуваат неговите природни ресурси.

„Собравме големо количество на податоци и информации за економската состојба во регионов, што пак ни помогна да креираме целосна слика, со која пак ќе знаеме во која насока да се движиме. Прво изработивме план за одржлив економоски развој на регионот кој пак ни помогна во изработката на акциониот план. Идејата е следна, да се збогати економијата во регионов притоа мислејќи на одржливоста на ресурсите“ кажа Аритон Хаса – експерт во изработката на акциониот план за одржлив економски развој.

Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините и сите општествени и економски чинители, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој на туризмот со кои ќе се излезе на европскиот пазар.

„Со акциониот план сега ќе користи како солидна основа не само на населението кое треба да се занимава со одредена економска дејност, туку и на самите општествени чинители од регионов кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектов бидејќи станува збор за проект во кој се вклучени две земји, бидејќи се користат ресурсите од две земји, па треба да се седнат претставниците на иниституциите од двете земји“ објасни Аритон Хаса – експерт во изработката на акциониот план за одржлив економски развој.

Проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“, преку кој ќе се овозможи зачувување, развој и обновување на флората и фауната во ова подрачје, е финансиран од ИПА 2 програмата за проекугранична соработка на Европската Унија. Прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од 446.244 хектари, територија која припаѓа на албанскиот и македонскиот дел од сливното подрачје на двете езера. На територијата на резерватот живеат околу 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска и шест на македонската страна.