Skip to main content

Одбележување на Светскиот ден на првата помош и крводарителска акција

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди.

 |   | 

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (14 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.

Темата на Светскиот ден за Прва помош е Првата помош и маргинализираните лица. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 14.09.2019 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде во периодот од 10-12 ч. тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.

Истиот ден Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 9-14 ч.