Skip to main content

На првите бодови одат фудбалерите на ФК „Лихнидос“

По стартните три порази во втората македонска лига ,во недела го пречекуваат големото име на мак фудбалот Пелистер.

 |   | 


Крај на резултатската криза бараат фудбалерите од Охрид. Трезнењето на клубот заврши и треба да се излезе на вистинскиот пат за резултатите да дојдат сами по себе истакна тренерот на фудбалерите Марино Маркоски.


„Можеби екипата на Пелистер доаѓа во лош период, меѓутоа ние ќе се обидеме да пронајдеме мотивација, да се собереме сите заедно и со таа позитивна енергија во клубот да ги кременме играчите  и да постигнеме позитивен резултат. “ – изјави  Маркоски.

Еден од поискусните играчи кој треба да им помогне на помладите е диригентот на одбраната, Мартин Лекоски кој смета дека местото на клубот е помеѓу првите пет екипи и дека ништо не е загубено по стартните три порази.

„Тоа се должи на неуиграност со повеќе играчи прв пат играме. Мислам дека во понатамошните натпревари ќе се докажи квалитетот на екипата и ќе завршиме со многу победи.“ – кажа Лекоски

Во Охридскиот клуб настапува и репрезентативецот на Македонија до 21 година голманот Котески кој верува во оваа екипа и квалитетот кој го поседува.

„На секого може да му се случи лош старт, претходните три утакмици треба да се заборават, треба да се насочиме кон тоа што доаѓа. Сите знаме во недела кој противник доаѓа, целта ни е да извадиме позитивен резултат. Тоа може да се случи со максимална подршка од трибините, максимално залагање на терен.“ – Даниел Котески.

Репрезентативниот голман кој доаѓа од Прилеп истакна дека е добро прифатен од екипата како долго време да се заедно. Фудбалската јавност ги очекува и рибарите во недела во 15 часот и 30 минути на еден спектакуларен натпревар како на теренот така и на трибините.