Skip to main content

Разрешена Катица Јанева

Со 102 гласа „за”, и ниту еден глас „воздржан” и „против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 |   | 

Со 102 гласа „за”, и ниту еден глас „воздржан” и „против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Одлуката од Собранието ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители, каде треба да биде одобрена.Со тоа целосно завршува процесот за разрешување на Јанева.

Најверојатно претседателот на Собранието, Талат Џафери уште денеска ќе ја испрати одлуката до Советот ја јавни обвинители.

Во извештајот од Советот на Јавни обвинители беше наведено дека стои дека Јанева работела несовесно и противзаконски, што е причина за нејзиното разрешување.

Мандатот како специјална обвинителка на Јанева ѝ завршуваше на 15 септември. Таа моментнo е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.