Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Филмска академија во Охрид згаснува

Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за образование и наука не можат да обезбедат квалитетно образование, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за образование и наука не можат да обезбедат квалитетно образование, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Институтот за филм, Филмска академија Охрид во соработка со ФАМУ од Прага наместо да прерасне во меѓународно препознатлива високообразовна институција, таа згаснува, кажа денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиновски.

„Академската година започна – настава нема, дури сега има целосно нефункционирање.Какви мерки презедоа Владата и министерот за образование и наука, Арбер Адеми?Дали МОН и пратеничката Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт знаат дека е причинета материјална штета врз студентите?“ – кажа Божиновски.

И минатата година помина без настава, а многу студенти од странство се веќе во своите земји без дипломи, додаде Божиновски.

„Зошто дозволивте првите дипломирани студенти да не ги земат дипломите? Кој ќе преземе одговорност за прекинот на наставата, за неисплаќање на хонорарите на професорите како и за судбината на вработените? ИФФА се соочува со повлекување на франшизата и целосно згаснување поради неодговорната власт на СДСМ. “

Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека поради вакви состојби нема да нѐ има на Шангајската листа. Ваквото уништување мора да се спречи за младите да не си одат од Република Македонија во потрага по квалитетно студирање, кажа партискиот портпарол.