Skip to main content

Започна Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак” чиј домаќин е Охрид

Триста мастер шефови  и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.

 |  Соња Рилковска  | 



Охрид во духот на светските кулинарски и гастрономски тајни. Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од вчера официјално започна  Меѓународниот  гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.
Триста мастер шефови  и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат   искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови , гастрономски амбасадори и почесни гости ќе ги оценуваат зготвените специјалитети.


Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа. Тој во изјава за медиумите верува дека ваквите манифестации  ќе им ги отворат очите на младите и ќе  ги поттикнат да пливаат во гастрономските води.

„Се надевам дека оваа манифестација ќе им ги  отвори очите на младите кувари и дека ќе се појави некој нов мал Стево Карапанџа. Многу ми велат ти си виновникот што сум денес кувар.   Добар во професијата се станува со љубов кон професијата која е многу убава  и со упорност и работа. Нашата професија е навистина многу убава и нуди многу можности  да се види целиот свет да се патува да се видат кутлруите на многу нации и народи“, вели Стево Карапанџа.
Подобрувањето на гастрономската понуда во Охрид оди бавно. Рестораните имаат слични или идентични менија.

„Нема препознатливост во угостителските објекти  сите се слични еден на друг. Треба да работиме во насока тие да станат препознатливи и конкурентни а таа конкурентност да биде лојална. Не значи дека ако еден ресторан е успешен другиот треба да го преслика неговото мени, него секој да има своја понуда и своја таргетна гурпа. Навистина ми е задоволство и чест што големи шефови се во Охрид  и разговарајќи со нив ние ја подобруваме нашата храна и честопати нивните забелешки даваат нова идеја и нова мотивација на која треба да се работи“, вели професор Ангела  Крстаноска.

„Нашата кујна е навистина убава но тоа што овде ни недостига  е искрено модифицирање на јадењата. Да речеме сервирање на поинаков модерен начин. Ние години уназад сме базирани на иста храна но таа може да биде сервирана на поинаков начин и да придобиеме повеќе гости“, Влатко Георгиески мастер шеф од Охрид.
Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел, ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.
 „Јас сум втор пат во Македонија,  ова е многу убава земја. Се ми се допаѓа, храната е многу убава и вкусна. 0117Оваа манифестација е многу важна од аспект на промовирање и запознавање на културата на сите земји присутни“, вели  Мастер шеф од Романија.
Во рамки на програмата, на 12-ти октомври е предвидено е  одржување на „Фиш фест“ на Дон Давид, кога судиите, кои се истакнати готвачи со „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара на отворено, а дегустациите ќе можат да ги извршат сите посетители.
Овој голем континентален гастрономски настан, чиј домаќин годинава е градот Охрид,  е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.