Skip to main content

Црквите лесен плен на крадците

Црквите се уште се без видео надзори, без чувари, без алармни уред поради што претставуваат лесен плен за крадците. Експертите сметаат дека се потребни  системски промени и посторга законска регулатива. Според нив главен виновник за пустошењето на вредното културно историско црковно наследство е државата.

 |  Соња Рилковска  | 

Ограбени, опустошени и осквернавени  цркви, необележани, незаштитени и заборавени локалитети и светилишта. Негрижа за богатото културно црковно наследство. Ова е сликата во земјава. Изминативе десет години вкупно  600  икони со непроценлива вредност исчезнаа само  од струшките цркви.

Крадците не запираат, црквите и денес им се лесен плен. Годинава една од поголемите кражби се случи во гостиварско,  кога беа украдени повеќе икони и вреден сребрен крст, неколку кражби во тетовско, една во струшко Дрслајца. Не останаа поштедени ниту црквите во охридско, ниту во битолскиот и дебарскиот регион.

Експертите сметаат дека се потребни  системски промени и посторга законска регулатива. Според нив главен виновник за пустошењето на вредното културно историско црковно наследство е државата.

„Кој е виновен за тоа? Државата и нејзината неорганизираност. Морало да се предвидат некои работи. Не може и не смее да се остави на милост и немолост културното наследство. Што се случувало и во минатото и сега. Доволно е да погледнеме во минатото  кога се ограбувало кутлруното налседство безмилосно немало ни закони за негова заштита. Ние закони донесовме кавки такви меѓутоа не ги спроведовме“,вели професор д-р Маријан Јованов од Филозофскиот факултет.

Црквите се уште се оставени сами на себе, без видео надзори, без чувари, без алармни уреди.

„ Овде имаше вредни дела кои што беа мамка за крадците. Меѓутоа има вредни дела и во други дела низ Македонија и тие се уште помалку заштитени. Сега да не им отвораме очи на арамиите со муабетов па да не испадне да одат. Не што нема такви современи уреди за заштита, нема елементарна заштита нема човек од време на време да подје да види дали црквите дали иконостасот иконите дали се на лице место“, додава професорот Јованов.
 
Еклатантен пример за негрижата е вредното средновековно наследство во село Курбиново. Патот до манастирот во ужасна состојба, без патокази, беа кустос за да ја раскаже безвременската приказна за манастирот Свети Горѓи.

 „Јас секогаш кажувам ете Курбиново е еден бисер на средновековното наследство значи  една вонвременска категорија која последните години пропаѓа не знам зошто. Меѓутоа за да стигнете до Курбиново треба да имате волшебни моќи бидејќи нема патокази нема начин и да не зборуваме дека четири саата ќе минат барајќи го клупот и нема кој да ви покажи и нема кој да ви раскаже. Така не се третира културното наследство“,   вели професор доктор Елизабета Димитрова, еден од најпознатите византолози во земјава.

Изминатава деценија од црквите  во  Југозападниот регион од земјава исчезнаа највредните  икони од Дичо Зоограф, Крадците не се плашат од Бога па  однесоа куп црковни артефакти, световни книги, крстови, плаштеници со чудотворна моќ низ кои е проткаена вековната традиција и верувања на локалното население. Бесценетите предмети  завршија на црните европски пазари, само седум икони беа пронајдени во Тирана Албанија во 2013 година.