Skip to main content

Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“

Во Националната  установа, библиотека „Григор Прличев“  отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид. ЗА зал младите се помалку читаат. Верни на пишаниот збор остануваат оние од повозрасните генерации.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Книгата, нашиот најдобар пријател. Колку оваа реченица има значење во сегашноста кога за жал се помалку се чита. Верни на пишаниот збор сеуште се оние од повозрасните генерации, додека на младите поинтересно им е да се занимаваат со своите мобилни телефони и други технолошки достигнувања. НУ Библиотека „Григор Прличев“ прави напори да го зголеми интересот за книгата, посебно кај оваа популација. Од денес во оваа национална установа отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид.
На продажба се дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Книгите се продаваат по цена од 157 до 300 денари примерок.

Се работи за книжевен фонд кои се нови, современи, кои беа печатени во рамки на Владата на РМ од разни проекти во минатите години и кои беа доделувани меѓу другото и на нашата институција. Овие средства од продажбата ќе останат за осовременување на библиотеката, вели Милчо Јованоски од НУ Библиотека „Григор Прличев.“
Листата на книгите што се нудат сите заинтерсирани можат да ја прочитаат на веб страницата на охридската библиотека. Саемот за сите посетители ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 15 часот.