Skip to main content

Продолжуваат истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет во Дебрца, „Требенишко Кале“

Филозофскиот факултет од Скопје минатата година спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжуваат истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет, Требенишкото Кале.

 |   | 

Деновиве градоначалникот Зоран Ногачески ги прими Проф.Др.Виктор Лилчиќ Адамсен и неговиот тим, кои го информираа за сознанијата од нивната работа на терен.

Според нив, сознанијата од истражувањата илустрираат околу 1800 години живот во континуитет и ако се додаде архајскиот период, или како што вели почитуваниот професор Лилчиќ “периодот на господарите со златните маски”, тогаш на просоторт на овој древен град, распослан на околу 5 хектари, може да се зборува за посотење на цивилизација во континуитет од 2200 години.

По завршувањето на истражувањата на терен ќе се изработи завршен извештај со фото и техничка документација, а кој ќе биде претставен и пред пошироката јавност.

Средствата за реализација на овој проект, во износ од 100.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.