Skip to main content

Божиновски: Со СДСМ нема нови проекти, нема нови инвестиции

Со СДСМ има само зголемени давачки, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Партискиот портпарол Перчо Божиновски денеска на прес конференција, кажа дека двете години на локалната власт на СДСМ биле години на неработа и негрижа, урбана мафија, непотизам и партизација.  Охрид нема катни гаражи, современ градски кеј, пристаништето се распаѓа, нема нов лик на плоштадот Крушевска Република, нема реконструкции на детските градинки, нема училишни спортски сали наброја Божиновки.

„Охрид остана без нов здравствен дом.
НЕМА Детски културен центар, ниту Младински културен центар, ниту изградба на современи детски игралишта. Охрид остана без нов Театар. НЕМА модернизација на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“. Охрид остана без затворен спортски базен, но и без затворен зелен пазар.
НЕМА ништо од спасот на Студенчишкото блато и заштитата на езерскиот еко-систем. Не е решен проблемот со бездомните животни. НЕМА Агро центар и изградба на фабрика за отпад.
НЕМА комплетно инфраструктурно уредување на улиците „Абас Емин“ и „Железничка“. НЕМА реконструкција на улиците „Јане Сандански“, „Прва македонска ударна бригада“, „Македонски просветители“ и „7 Ноември“. НЕМА Марина на постоечкото пристаниште во Пештани. НЕМА трага од гасификација на Охрид. Долга е листата на НЕМА со СДСМ.“ кажа на денешната прес конференција Божиновски.

Божиновски додаде дека единствено што актуелната валст направила се бројните дивоградби кои го загрозуваат статусот на Охрид под УНЕСКО.