Skip to main content

Нов ракометен предизвик за охридските ракометари викендов

На домашен терен, во недела со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини извори“ за противник ја имаат екипата на „Пролет“, во дерби средбата од првата рунда во вториот круг од Супер лигата. Навивачката група „Рибари“ пак, одбележуваат голем јубилеј, триесет години од нивното формирање.

 |   | 

Составот на ракометниот клуб „Пролет“ противник во викенд натпреварот за охридските гладијатори. Тие во СРЦ „Билјанини извори“ во недела во 17 часот на домашен терен ќе се соочат со единствениот противник кој успеа да ги победи во досегашниот дел од сезоната.

„Како што знаете „Пролет“ е традиционално многу незгоден ривал и само тој успеа да не победи во досегашниот дел од сезоната. Им должиме за тој пораз и за ланската елиминиција во трката за плејофот и секако не смееме да им ги упропастиме јубијелот и роденденот на навивачката група „Рибари“ кои во недела слават 30 години од своето формирање“ кажа Крсте Андоновски – капитен Р. К. „Охрид“.

Капитенот на охридскиот ракометен клуб, Крсте Андоновски задоволен од постигнатите резултати и место во плеј-офот е она кон што целат. Андоновски посочува дека веќе се уиграна екипа, иако сезоната ја започнале како комплетно нови тим и најавува победаво недела против „Приолет“, бидејќи тоа ќе биде најдобриот начин да им се честита јубилејот и роденденот на нивните најголеми поддржувачи. Според Борче Соколов одбраната ќе го одлучи конечниот исход од натпреварот. Соколов е предводник на бедемот пред голот на охриѓани кој најдобар во досегашниот дел од Супер лигата.

„Имаме најдобра одбрана во лигата и мислам дека и на овој натпревар против „Пролет“ ќе изиграме како и на досегашните натпревари.“ рече Борче Соколов.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот да бидат дел од спортскиот спектакл во недела, кога е загарантиран вистински спортски дуел, и секако атмосфера која само рибарите знаат да ја приредат, овој пат за нивното три децениско функционирање како најверните подржувачи на спортот во Охрид.