Skip to main content

Училишната зграда во Мешеишта со нов лик

Во насока подобрување на квалитетот на како и условите за работа во Општина Дебрца продолжува реализацијата на Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “.

 |   | 

Во насока подобрување на квалитетот на како и условите за работа во Општина Дебрца продолжува реализацијата на Проектот- „Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “.

Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори.

Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет.