Skip to main content

СЕ РАЗУБАВУВААТ ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ СО ЗИМСКА РЕКОЛТА

Започнаа  активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. 

 |   | 

Започнаа активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта.

Eкипите на „Паркови и зеленило„ го разубаваа паркот во близина на градскиот плоштад и покрај кејот, а ќе се оплеменат зелените градски површини во централното градско подрачје (градските парковски површини, кружните сообраќајници, патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк) како и периферините делови од градот.

Предвидено е да се засадат вкупно 50.000 садници од видот viola (очиња) од сопствено производство.