Skip to main content

Сестринските партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ветуваат и не реализираат, обвинија од ГДУ

Со години исти проекти им се ветуваат на граѓаните и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ но истите не се реализираат, обвинија денеска од Граѓанско демократската унија. Двете сестрински партии за неколку месеци повторно ќе бараат гласови од народот на кој му требаат завршени проекти а не лаги пред избори, кажа денеска на прес конференција портпаролот на ГДУ, Даниел Јорданоски.

 |   | 

На жителите на Лескоец 10 години ВМРО ДПМНЕ и  СДСМ им ветуваа стадион, едните како модерно другите како ултра модерно игралиште но од тоа нема ништо , само скршени стативи, кажа денеска на прес конференција Даниел Јорданоски од Граѓанско демократската Унија ГДУ.

„Пред 3 години се појави еден млад директор од редовите на СДСМ, кој без да се штеди ги нападна претходниците и воедно најави конечна изградба на одамна ветениот стадион и подобрување на условите во спортот. Тој директор е Дарко Каевски, од Агенција за млади и спорт, кој меѓу другото од Лескоец најави и неколку други проекти, кои владата на СДСМ, Агенцијата за млади и спорт и локалната власт ЌЕ ги направеле во најскоро време. Но сепак ЌЕ.“ – кажа  Јорданоски.

Затворена спортска сала за училиштето во Лескоец, 3-4 други сали по градот, реконструкција на постоечката сала „Билјанини извори“, втора трибина на градскиот стадионот „Билјанини извори“, затворен базен итн. се само дел од многубројните нереализирани предизборни ветувања, обинуваат од ГДУ.  
Изградба на затворен базен, исто така се најавува 10 години, рече на денешниот прес Јорданоски и тоа , како што ги нарече СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, од двете сестрински партии. Додаде дека нема решение ни за Буково, нема ниту Стационар,.

“Тоа е лицемерието на овие партии, кои ако не се лажеме за неколку месеци повторно ќе дојдат и ќе бараат гласови, но се плашиме дека не постојат повеќе суперлативи кои ќе можат да ги искористат. “ – рече Јорданоски.

Од името на ГДУ Јорданоски побара од власта да се вразуми и да се фати за работа. На народот му требаат решенија и завршени проекти, а не лаги и понуди, два дена пред избори, порача Јорданоски.