Skip to main content

Учениците знаат што е демократија

Денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата. Toa е во рамките на новиот концепт за граѓанско образование. Учениците преку пароли, пишани и ликовни творби покажаа што значи демократија и колку се почитуваат правата на децата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Учениците знаат што е демократија и се залагаат да не бидат прекршени нивните права. Во рамките на новиот концепт за граѓанско образование денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата.

Овие отворени денови не се многу чести, но секогаш кога имаме интересна тема ја обработуваме. Учениците навистина се потрудија да покажат преку интересна програма и точки што за нив значи демократија, вели Оливија Пирузева, директор на ОУ „Христо Узунов„

Овој проект досега е спреоведен два пати во осмо одделение и сега прв пат во деветто одделение. Во него се вклучени наставниците, но главниот ангажман е на учениците. Тие преку пароли, пишани и ликовни творби покажаа што значи демократија и колку се почитуваат правата на децата.

Нашата цел на овој отворен ден на демократија е да ги искажеме нашите ставови, идеи и мислења во врска со човековите права, поздрава животна средина, хуманите вредности и др., вели Бојана Суклоска- ученик во 9то одд.

Учениците побараа и порачаа да има што повеќе вакви настани за да се зголеми свеста пред се кај возрасните и да ги третираат децата како еднакви на нив.