Skip to main content

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРОВОТ НА ОХРИДСКАТА ГИМНАЗИЈА

Во тек се градежните активности за санација  на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Зафатот е по налог на Општина Охрид предвидена е  реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците, китирање на спојните елементи, оловните табли, окапници и ветробрани. Оловните плочи ќе бидат прицврстувани со нови завртки.

 |   | 

Во рамки на планираното ќе се изврши и молерисување и варосување на ѕидовите од поткровјето кои имаа видни оштетување од протекување на вода. Вредноста на проектот е околу 400.000 денари и со неговата реализација се надминува неколку годишниот проблем на протекување вода во просториите на гимназијата.

Изведувач на градежните активности е фирмата ФИЛАНД 2012 од Охрид.