Skip to main content

Внимавајте кога купувате преку интернет

Внимавајте кога купувате преку интернет. Има многу измами, а купувачите не си ги знаат своите права. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во последно време купувањето преку интернет станува сè попопуларно. Најмногу онлајн купувачи своите нарачки ги прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постојат повеќе пропусти на кои наишле. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема.

„Основна работа е дали веб страната го има она http.s,бидејќи тоа  значи дека страната има заштитен систем, особено за плаќање преку интернет. Ако нема тогаш ризикот е на самите купувачи, вели Вангел Спироски, претседател на ОПМ Охрид.
Многу е важно да се види дали е тоа некоја легална фирма.

Дали има адреса, телефон, дали има некој примерок за комуникација со потрошувачите доколку има некој проблем или некое нивно барање, објаснува Спироски. Законска обврска е да имаат начин на комуникација со потрошувачите. А ако ги нема тие информации да се избегнуваат тие страни за купување.
Ако имаат проблем да го пријават одма или до пазарна инспекција или во полиција, во Одделението за интернет измами и таа веб страна одма ќе се блокира, вели Спироски.
Пред да се прими пратката обавезно да се отвори и да се провери дали производот е таков каков што сме го порачале, дали можеби нешто е оштетен. Никако да не се потпишуваат граѓаните пред да го примат и пред да го отворат производот бидејќи со тоа се согласуваат дека ја примиле робата во исправна состојба. Договори што се случени на далечина потрошувачот има право во рок од 15 дена да го врати производот и да му бидат вратени парите.
Граѓаните многу малку знаат за нивните права па затоа од ОПМ апелираат подобро да се информираат пред да купуваат нешто он лајн. За таа цел издадена е и брошура за правата на купувачите при купување преку интернет. Таа може да се види на Веб страната Opm. Org. MK