Skip to main content

Свечено отворена реконструираната Али пашина џамија

Денеска со свеченост беше отворена реконструираната Али пашина џамија во охридската чаршија.

 |   | 

Денеска со свеченост беше отворена реконструираната Али пашина џамија во охридската чаршија.
На отворањето во организација на ИВЗ присуствуваа голем број граѓани кои во иднина ќе ги остваруваат своите верски права во овој објект кој воедно е и споменик на културата заштитен со закон. Реконструкцијата на џамијата и изградбата на минарето е финансирано од Генералната дирекција на вакуфи на владата на Република Турција преку турската владина агенција „ТИКА“. На отворањето присутен беше заменик министерot за култура и туризам на Турција, Мисбах Демирџан и бројни телевизиски екипи од Турција. Амбасодарката на Турција, Тулин Еркал Кара, при посетата на Али Пашината џамија во јуни, изјави дека претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ергодан ќе присуствува на нејзиното отворање, но тоа не се случи. На отворањето немаше претставници на државниот врв на Македонија ниту од локалната власт.

 

Реконструкцијата на Али пашината џамија од започнувањето на проектот до поставувањето на куполата на минарето во месец мај беше контроверзна тема која ја брануваше охридската но и пошироката јавност во државава.  Реакциите на охриѓани се однесува на нелегалност при изведување на градежните зафати и габаритот на минарето. И според надлежните институции, дел од градежните зафати се изведувале без соодветна документација. Дури и премиерот Зоран Заев при посета на Охрид, изјави дека џамијата нема одобрение за градба.  Но до денес граѓаните не добија целосен одговор од надлежните околу легалноста на градбата.  Од првичните најави до денешното свечено отворање, единствено што отстапува од планот за реконструкција на џамијата е висината на минарето, кое место 32 метри, е нешто пониско. Али Пашината џамија која датира од крајот на 15тиот и почетокот на 16 век, е заштитен споменик на културата од 1968 година