Skip to main content

ГДУ: Депонијата Буково го стави Охрид на листата на загадени градови

Загадувањето на воздухот тема на денешната прес конференција на Граѓанско демократската унија. Од партијата сметаат дека Охрид се најде на листата на загадени градови поради чадот од депонијата Буково. Обвинуваат дека со депонијата се менаџира несоодветно и примитивно.

 |   | 

„Јавна тајна е дека со пожарот , или намерното плаење по наредба на одговорните лица, справувањето со проблемот се решава на најпримитивен начин со затрупување на останатиот отпад. Затоа нормално е постојано да гори и да се загадува градот.
Одговорност нема , решение нема. Но ајде да се потсетиме како сестринските партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ  ги лажеа нашите сограѓани.  ДПМНЕ која ја доби последниот пат довербата од охриѓани ветуваа дека ќе го решат овој проблем со низа солуции а една од нив им беше изградба на нова регионална депонија. За жал им паднаа маските и после четири години владеење само ја дозаглавија општината која веќе беше заглавена. Од друга страна пак сегашната партија на власт СДСМ  која дојде во 2016 та год на власт ветува арешение за секој проблем но по 3 години сликата е иста.  Каде е софистицираната фабрика за преработка на отпад ? Од вашите лаги и ветувања останаа само фалењата. “ – кажа Борис Пашоски – ГДУ.