Skip to main content

Лицата со инвалидитет бараат поголем слух за нивните потреби од општествената заедница

Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден на инвалидите.  Од  Локалната самоуправа ги  следат потребите на  овие лица и најавуваат два големи проекти, пристапност за инвалидите  до општинската сала и спортскиот стадион Билјанини извори. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските здруженија го одбележаа Светскиот ден на инвалидите 3 декември. Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид и Дебрца порача дека општествената заедница треба во текот на целата година да има слух за нивните потреби. Бараат надминување на сите бариери со кои се среќаваат во нивното секојдневие.

„Во одредени животни околоности , посебно со денешното темпо на живеење секој може да стане инвалид. Инвалидноста  не е нешто што се бира, тоа е состојба, која за жа,л недостигнува. Ние апелираме до сите, посебно до институциите  да имаат сенс и внимание кон оваа категорија на луѓе“, кажа Голабоски.


Лицата со инвалидитет се најголемото малцинство во светот, а тоа значи дека ние како општество не само што треба да ги поддржуваме туку треба и да обезбедиме услови за нивно нормално функционирање и остварување на нивните права, истакна градоначалникот Константин Георгиески кој присуствуваше на одбележување на настанот. На овој ден јавно потсетуваме дека вашите права не се привилегија туку дека се наша обврска за целосно и недвосмислено обезбедување услови за непречен пристап, движење, престој и работа на сите Вас. Георгиески посочи дека се прилагодени над 80 локации на градските улици за пристапност на инвалидите со колички. Најави и два проекти кои ќе им го олеснат пристапот во општината и до спортските терени.

Станува збор за реконструкција на големата општинска сала која ќе биде лесно пристапна и достапна за лицата со телесен инвалидитет. Многу наскоро на стадионот “Билјанини извори“ ќе започне изградбата на Современа трибина, а еден нејзин дел ќе биде наменет за лица со инвалидитет, кажа Георгиески. 

Од охридските здруженија на глуви и наглуви , како и на слепите лица изразија задоволство од досегашната соработка со локалната самоуправа. Градоначалникот Георгиески ги повика здруженијата за нивните потреби и барања да се изјаснат на јавната расправа по нацрт буџетот на општината којa ќе се одржи на 10 декември.

Во рамките на одбележување на светскиот ден на инвалидите се одржаа спортски натпревари во неколку дисциплини, како во стрелање, пинг понг, пикадо, шах и табла.