Skip to main content

Расте бројот на лица зависни од опијати

Во Центарот за превенција и третман на болести од зависност во Охрид во моментов има 170 пациенти одс кои најмладиот има 19 години.  Загрижува фактот што расте потребата   за лекување на  малолетни зависници, велат за ТВМ од Центарот.

 |  Соња Рилковска  | 



Зголемен бројот на наркозависници,  кои се лекуваат во Центарот за превенција и третман на болести од зависност   во Охрид.  Бројот достигна 170  пациенти. Најмладиот зависник има  само 19 години, а најстариот  е на возраст од  60 години.
Дел од нив се од Охрид, дел од другите градови Струга, Кичево и Дебар. Во внатрешноста на Македонија овој   центар  е најголем  по број на пациенти.
– „Се зголемува потребата од третман и на пацинети. Однос мажи на жени и кај нас е како во светски рамки. Во било кој третман на зависност 10% се жени. Исто е и кај нас. Третираме опијатна завсност по медицина третирана на докази по протоколот на Минситерството за здравство. Персоналот е максимално обучен.  Ги третираме пациентите кои се во рпитворот Охрид,во малолетничкиот затвор и во затворот Тефериџ Струга. Лекуваме само полнлетни пациенти. Спомнав малолетнички затвор но ние ги третираме тие што се полнолетни“,  изјави Весна Лаброска  општ лекар и шеф на центарот за зависности.

Загрижува тоа што расте потребата   за лекување на  малолетни зависници.  За нив во изработка е посебен протокол во министерството за здравство  и тие ќе се  лекуваат во одделот на педијатрија.

 „Има изготвен пртокол и секој момент се очекува  да биди за лицата кои се малолетни. Така да за тоа не можам да коментирам тоа е протокол од министерството за здравство. Меѓутоа колку што  разбирам и знам ке оди во третман на педијатрија. 0342 Има голема потреба за третман на малолетни  деца но тоа бара посебен протокол ние сме за  полнолетни. Затоа што рпетпоставено нема фармаколошки  нема да се третираат туку со други методи на лекување“, додава Лаброска.

Пациентите остануваат на доживотно лекување. Во светски рамки само 1 %  усепеваат  без опијати ,  докажано е  дека се сметаат за излекувани тогаш кога се стабилизирани.

„Одредено штетно однесување да се намали и да се сведе м=на минимум. Излекувањето значи стабилизација на пациентот. Спомнав дека зборуваме за медицина базирана на докази  и опијатната зависност единствено се лекува со супституција. Тогаш кога  ќе се остане во гранца на пропишаната супституција  се смета за стаблизран односно излекуван пациент. Тие не се видливи во општеството тие функционираат  со својот животен ритам и семејства и заради тоа не може да се добие впечаток. Тие што не се стабилизирани и се уште се борат со својата болест тие се видиливи во општеството“, додава Лаборска.

Во Центарот за превенција и третман на болести од зависност   во Охрид се лекува  опијатна бензодијазепинска  и Техаце зависност. Пациентите добиваат заменска медицинска терапија  и консултативни разговори.