Skip to main content

Охридските гимназијалци даруваат од срце

Со организацијата на саемот насловен „Дарувај од срце“ во гимназијата „Св. Климент Охридски“, се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште.

 |   | 

Со организацијата на саемот насловен „Дарувај од срце“ во гимназијата „Св. Климент Охридски“, се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште. Овој настан се одржа во спортската сала на гимназијата и истиот пред се има хуманитарна цел, вели директорката Весна Цветкоска.

„Средствата коишто ќе се соберат на саемот ќе бидатнаменети за хуманитарни цели, значи ќе бидат наменети за помош на Тачо и Ана, исто како и другите хуманитарни активности кои доесга ги имало, па затоа и самиот саем се вика „Дарувај од срце“. Нашите ученици беа многу вредни, заедно со своите професори ментори, кои навистина активно се вклучија и е вистинско задоволство да се видат нивните изработки и нивниот ентузијазам“ вели Проф. Весна Цветкоска – директор ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Се што нема да се продаде од храната ќе биде однесено во геријатриското одделение при Општа Болница Охрид, потенцира директорката Цветкоска. Оваа година потенцираа таа, ќе се памети по санирањето на најголемиот инфраструктурен проблем на оваа установа, поправката на покривот, а не се намалија ни успесите кои охридските гимназијалци и нивните ментори продолжија да ги нижат.

„Се стекнавме со сертификат за квалитет на училиштето, услови беа учества во реализација на проекти, постигнати високи места на матурските испити и аплициравме за тој сертификат и го добивме тој сертификат за квалитет на училиштето. освоивме три награди во месец ноември посветен на науката, по биологија и географија, нижиме успеси по однос на овие натпревари“, потеницра Проф. Весна Цветкоска – директор ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Активностите за одбележување на патрониот празник на гимназијата започнаа уште на самиот старт на оваа недела со одржување на отворени часови по голем број предмети и училиштен квиз, преку денешниов хуманитарен саем, па се до ликовна изложба и доделување на наградите за училишните конкурси и свечената академија, настани кои ќе се одржат во сабота во центарот за култура „Григор Прличев“ кога охридската гимназија ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на Охрид заедно со општината.