Skip to main content

ТРАДИЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА „ФОТО КЛУБ – ОХРИД“ ВО ЧЕСТ НА СВ.КЛИМЕНТ

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.

 |   | 

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.

Веќе неколку години Фото Клубот од охрид е дел и од Фото Сојузот на Македонија, а многу често е организатор на најпрестижни светски изложби, често пати жири во селекција на најдобрите фотографии на цел свет. Клубот постори 21 година.

Многу од фотографиите на членови на охридскиот клуб се закитиле со престижни награди на светско ниво. Ја претставиле и че ја претставуваат нашата земјана светски меѓудржавни изложби со што се промовира и ќе се промовира македонската фотографска уметност во светот.

Од година во година и покрај немањето на простор во кој би функционирал, членовите на Фото Клубот Охрид не се откажуваа од изложбата во чест на Св. климент Охридски патронот на градот.