Skip to main content

Европерспективата зависи и од третманот на културното наследство

Од третманот на културното наследство  зависи и нашето членство во ЕУ, сметаат експертите. Профитерскиот пристап на моќниците  е главниот проблем на што реагира  Европската Унија и Унеско, сметаат од Европското движење во Република Северна Македонија.

 |  Соња Рилковска  | 


Нема  јавна свест за значењето на културното наследство во земјава.  Кај нас постои тенденција да се присвои и  да се окупира  културното богатство  од страна на поединци кои поседуваат моќ.
Профитерскиот пристап на моќниците  е главниот проблем на што реагира  Европската Унија и Унеско, сметаат од Европското движење во Република Северна Македонија.

 „Не е тоа приватна сопственост и точно таа приватизација доведува да не се сфати другиот аспект дека ние сите треба да го чуваме културното наследство. Не е тоа  нешто од кое се добива профит. Профитерскиот аспект кон културното наследство доведува до тоа да се загрози. Генерации генерации  цели два милениума создавале на ова поднебје и сега доаѓа култура која не го разбира она што претходните генерации го создавале. Не смао што треба да го солуваме туку да го направиме да биде  богатство на целата држава на сите луѓе овде и да создадеменешто слично за идните генерации“, вели проф. д-р Милева Ѓуровска.


Од третманот на културното наследство  зависи и нашето членство во ЕУ, сметаат експертите.  Охрид до февруари има  рок да ги исполни препораките на Унеско во спротивно ќе се најде на црната листа загрозено светско културно наследство.

„Третирањето на нашата земја која има аспираации за ЕУ подразбира пред се дека ние мораме да ги почитуваме стандардите. Дивоградбите кои  се евидентни треба да се санираат на оптимален начин. Тоа подразбира да она што може да биде дел од културниот имиџ на Охрид треба да се  продлабочи а она што е вон тој контекст за сигурно треба да се стави ада акта. Сметам дека ќе успееме и покрај сите тешкотии кои се наметнаа последните години да се тој процес надмине и ние да го третираме културното наследтсво на начин како Еу“, вели  Проф д-р Науме Мариноски

Според добрите пзнавачи богатото културно наследство на земјава е патот кон европската  перспектива.

 „Основното мото на Европа е да се обединува по основ на културата, културните разлики да бидат основа за обединување. Во таа смисла на зборот туризмот се наметнува како една од најзначајните форми за интегрирање за размена на кутлруи вредности. И за меѓусебно доближување. Р Македонија како земја со богато културно наследтсво има навистина потенцијал да се развва како туристичка дестнација со препознатлив културен туризам. Денес многу земји по тој основ се стекнаа како сили и по тој сонов остваруваат профит “, вели професор доктор Пере Аслимоски.

Потребни се поголеми буџети  и вештини за заштита на  богатото културно наследство во земјава. Во светот пристапот кон културното наследство е сосема поинаков. На него се  гледа како на светост и од мали нозе се учи за неговото значење и заштита, беше истакнато на денешната панел дискусија организирана од страна на Европското движење,  чија цел е приближување на Претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните.