Skip to main content

Започна пријавувањето на Охрид Ултра Треил 2020

Од денес, 12 декември 2019 па се до 15 мај 2020 година, љубителите на планината и трчањето ќе може да се пријават на Охрид Ултра Треил 2020. Спортско рекреативниот настан во планинско трчање кој е отворен за сите уживатели во планината од најразлични возрасни категории  ќе се одржи од 22 до 24 мај 2020 година и ќе биде составен од три трки во планинско трчање во должина од 18, 66 и 107 километри.

 |   | 

Најкратката трка „Летница Треил” со должина од 18 километри ќе биде наменета за почетниците и оние кои сакаат побрза трка со фантастични панорамски погледи од Висок Врв над градот Охрид. Средната дистанца насловена како „Галичица Ултра” во должина од 66 километри ќе стартува од Св. Наум и ќе движи низ највисоките панорамски предели на планината, а за оние најискусните и кои се во потрага по вистинска деноноќна авантура, тука е „Охрид Ултра Треил” во должина од 107 километри, 5000 метри висинско спуштање и качување и цели 27 часа време за финиш.  Охрид Ултра Треил е настан во организација на здружение „Трекс”  Скопје и Асоцијација „Спорт за сите  Сите за спорт” со поддршка од општина Охрид. Пријавите се веќе отворени на официјалната веб страна www.ohridtrail.mk