Skip to main content

Весело на градскиот плоштад во Охрид за новогодишната ноќ

Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година. Студеното време не ги спречи  да се забавуваат на музиката која ја изведуваа охридски музичари. Круна на вечерта беше  новогодишниот огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот.

 |  Соња Рилковска  | 


Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните  гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2020 година на охридскиот плоштад.

Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани  лица, задоволни и гостите  и домаќините.

Круна на вечерта беше  новогодишниот    огномет. На плоштадот беше и градоначалникот Константин Горгиески, кој на присутните им посака многу здравје и пријатен престој во градот.

– „Првично здравје, да сме здрави живи сите после се друго што треба ќе си дојде“ ,вели Константин Горгиески градоначалник на општина Охрид.

За забавата на плоштадот се погрижија Ефто Пупиноски,  Камелеон и Ѓоко Танески. Граѓаните си посакаа  љубов, мир и подобар живот.

„Поздрав од Србија, од Зрењанин! Ве сакаме Македонија. Како ви се допаѓа Охрид? Екстра екстра! Прв пат дојдовме  екстра е овде, сегде прошетавме… Ве сакаме Македонија! Среќна Нова година“ , вели гостинка од Србија.

-„Супер е супер. Која е вашата новогодишна желба Здравје, Мир во светот“, , велат  гостин од Велес.

„Прв пат доаѓаме, но супер е. Што ќе посакате за Нова года? Здравје среќа и љубов тоа“, велат гости од Тетово.

-„Пред се здравје и повеќе љубов бидејќи ни треба на сите “, вели гостин од Тетово.

„Атмосферата ми се допаѓа многу. Пред се мир во светот, радост “, вели гостин  од Кичево.

Забавата продолжува во Охрид , гости се очекуваат и  за Божик, Василица се` до  Богојавление.
На градскиот плоштад на 2ри јануари музичко доживување со Марко Луис, на 5ти Ретро Палас хитови со дџ Ванчо, на 11ти јануари Џез, соул и фанк забава со Владимир Василевски – Четкар.Празничната атмосфера ќе биде заокружена со Концерт на Градски плоштад на најпопуларната музичка ѕвезда во Хрватска, Петар Грашо, на 18ти јануари и Миле Кузманоски за Денот на рибарите на 20ти јануари. 

Инаку Новогодишната ноќ  мина мирно, без инциденти и тепачки и без ниедана сообраќајна несреќа.