Skip to main content

Градоначалникот го посети првото новороденче во Охрид во новата 2020 год

Вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, денес  градоначалник Константин Георгиески му подари на првото бебе кое се роди во Охрид во новата година. Ако машкото дете е синоним за бериќет, првото бебе во Охрид ни најави плодна и среќна година.

 |   | 

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година на Гинеколошкото одделение при Општата Болница – Охрид. Тој во име на општината и во лично име упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за приновата во семејството.  

„Сакам да му посакам многу здравје на малиот јунак за кој што уште не е избрано името. Им посакувам да се здрави , живи, весели. “

Првото бебе во новата година е втора рожба на младата мајка. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со д-р Зорица Стрезоска, неонатолог.

„ Новороденото е со родилна тежине 3,6 кг, долго 54 см и е во добра кондиција. Му посакуваме среќа во животот на новороденото и на мајката добро здравје и брзо опоравување„-  д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер

Ако машкото дете е синоним за бериќет, првото бебе во Охрид ни најави плодна и среќна година. Градоначалникот Георгиески кажа дека локалната самоуправа е посветена на создавање подобри услови за младите луѓе, за да засноваат семејства и својата иднина да ја гледаат во Охрид.

„Ние работиме на секое поле за подобрување на условите за живот во Охрид и се надевам дека со влегување во ЕУ и изедначување на животниот стандард и квалитетот на живот постепено ќе расте со што трендот на намалување на наталитетот и иселувањето ќе се намали.“ – кажа градоначалникот.

Градоначалникот на првото новороденче му подари вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци.