Skip to main content

Занаетчијата Драган Георгиески одржува бесплатни работилници

Занаетчијата Драган Георгиески неколку години  бесплатно го споделува своето знаење  за изработка на минијатурни кожни бележници. За купувачите се интересни сите негови  кожени изработки,а најбарани се малите  бележници. И додека неговата работилница ја посетиле над стотина странци, Македонците незаинтересирани за невообичаена можност.  

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот кожар, Драган Геориески, несебично ги споделува своите занаетчиски вештини за изработка на минијатурни бележници. Шест години организира бесплатни работилници за изработка на минијатурни бележници кои купувачите најчесто ги купуваат меѓу неговите многубројни кожени производи. Георгиески е единствениот меѓу охридските занаетчии, кој овозможува бесплатни работилници за заинтересираните туристи. Тие сакаат сами да си изработат кожен бележник и да го понесат како сувенир од престојот во Охрид, вели овој вреден занаетчија.

„Во склоп на тоа гледаме дека работилниците кој што ги правиме еве веќе 6 години наназад доаѓаат луѓе од целиот свет. Изработуваме мали бележници, а туристите се на возраст се од 7 до 77 години. Доаѓаат и пензионери и деца  учествуваат во изработката на работлниците и се среќни“, раскажува Георгиески за оваа невобичаена можност.

Добриот глас надалеку се слуша и задоволните купувачи не` препорачуваат. Многу од нив не пронаоѓаат на интернет, вели Геориески. Додава дека додека во сиве овие изминати години неговата работилница ја посетиле над стотина странци, и изработиле илјадници минијатирни бележници, Македонците непокажале интерес за бесплатните работилници.

„За жал не се заинтересирани. Не знам зошто не се наплаќа иако тоа многу често сме го објавувале. Често им нудиме на купувачите да поминат и со децата на работилниците но нема интерес не знам која е причината. Тоа е жално, а е бесплатно. Убаво  е едно дете само да си изработи свој бележник“, кажува Георгиески.

Драган Георгиески изработува кожени производи од 2007 година самоиницијативно совладувајќи ги сите тајни на овој занает. Учествувал и на голем број светски работилници како што е во Турција каде што се изработуваат дневно и по 100 кожни бележници. Георгиески пораснал во занаетчиско семејство на книговезци кои му ги пренесле и таа љубов и вештина и кон вториот знает кој го работи паралелно со кожарскиот.