Skip to main content

Во општина Охрид над 5 илјади лица се на евиденцијата за вработување

Од нив повеќе од половината се пасивни баратели на работа. Минатата година со помош на оперативниот план на агенцијата за самовработување голем број охриѓани реализирале свои бизнис идеи.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридската Агенција за вработување на листата за чекање работа до 30 ноември минатата година биле евидентирани 5515 лица. Од нив 2600 се активни баратели, а 2915 се пасивни баратели на работа. Целта на Агенцијата е што поголем број на вработувања и намлување на листата на невработени помагајќи им со низа мерки за самовработување. Невработените своите вештини и стручност можеа да ги реализираат преку оперативниот план за самвработување на Агенција. Само мината година им било овозможено на 40 невработени лица од Охрид да реализираат свои бизнис идеи и да се самовработат, информира Маја Ташева Биткоска , директор на Агенцијата.

Државата за мерките за самовработување и вработување лани издвои 1 милјарда и 300 милиони денари со што овозможи да се задоволат побарувањата на многу невработени лица, напоменува Ташева Биткоска.

„Најинтересна мерка од оперативниот план за 2019 година беше самовработување со грант од 5000 евра неповратни средства каде што младите, но и други повозрасни категории охриѓани имаа можност да си регистрираат свои бизнис дејности каде што сами се самовработува“, вели директор на охридската Агенцијата за вработување.

Со самовработување се отворени адвокатски канцеларии, градежни компании, работилници за мебел, компании за одржување на хигиена, занаетчиски дејности и други дејности од невработени лица кои со своите вештини и стручност не се повеќе на листа на чекање работа, кажува директорката на охридската Агенција за вработување. 

„Имавме и неколку примери каде што една бизнис идеа од повеќе лица се спојуваше во еден бизнис план. Тоа овозможи да се реализираа старт ап идеи до бизнис дејности со поголеми суми на пари од 10.000 до 15.000 евра. Се вклучуваа и по 3 субјекти во еден ист бизнис план“, напоменува Маја Ташева Биткоска.

Законска обрска на лицата кои оствариле самовработување со користење на средства од оперативниот план во дејноста е да останат максимум 3 години. Мината година за користење на мерките од опертивниот план пристигнале 50 апликации. Од нив само 10 апликанти не ги исполнале условите, се откажале сами или нашле некое друго вработување, вели директорката Маја Ташева Биткоска.