Skip to main content

Традиционална крводарителска акција „Водици 2020“

Во рамки на активностите од Програмата за одбелжување на Големиот православен празник „Богојавление Водици“ во Охрид, во недела, на 19-ти јануари 2020 година, охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.

 |   | 

Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото „Една капка може да промени се“, а сите хумани граѓани ќе имаат можност да даруваат крв во периодот од 09:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.