Skip to main content

Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи

До месец ноември мината година скоро 20 проценти повеќе дошле странски туристи во споредба со истиот период во 2018. Во благ пораст се и домашните гости. И додека странците оствариле повеќе ноќевања кај домашните гости се бележи пад, покажуваат статистичките податоци на Државниот завод за статистика. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во пораст е бројот на посетите на туристи во земјава , и на странските и на домашните гости, кажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Според нивните податоци бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866. За 2.6 % се бележи пораст на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, а за 19.3 % е зголемен бројот на странските туристи. Бројот на туристите во ноември минатата година , во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5 %.  

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 3.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.5 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 6.8 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.6 %, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи останал на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5.7 %.