Skip to main content

Во ОО ЦК граѓаните може да донираат разни делови од покуќнина

Тие ги координираат потребите на граѓаните во социјален  ризик и понудите на донаторите од мебел. Најбарани се детските креветчина, информираат од охридскиот црвен крст.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани кои имаат вишок на покуќнина и мебел имаат моженост да ги донираат во ОО на Црвен Крст. Тие ги кординираат потребите на граѓаните во социјален ризик со граѓаните кои имаат нешто да подарат, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК.


„Се јавуваат луѓе во Црвен крст. Пуштаме наша екипа да види дали мебелот е функционален, се сликаат понудените делови од покуќнината во каква состојба се. Потоа од нашата дата база на податоци ги контактираме лицата од социјален ризик кои имаат потреба од разни видови на мебел“, објаснува Точков како функционира конекцијата со давателите и примателите на парчињата мебел.

Ние го пренесуваме мебелот до одредиштето или пак во договор со донаторот , тој го пренесува  директно до семејството кое има потреба од помош. Меѓу најразличните видови покуќнина најбарани се детските креветчиња, нагласува Точков.

„Има потреба се јавуваат луѓе со некои  специфични работи,бараат  единечен кревет, брачен кревет, кујни, телевизори. Ние пак, тоа што го имаме им го нудиме “, дополнува Точков.

Преку овој вид на донација, годишно, се помагаат и над 50 семејства , подвлекува Точков. Пред 6 години на сличен начин функционираше проект преку Министерството за социјална работа, но во момeнтов е во прекин.