Skip to main content

ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОДИЦИ

Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици.

 |   | 

Охрид на големо се подготвува за една од најголемите и најмасовните црковно народни собири, одбележувањето на православниот христијански празник, Богојавление или Водици.

Веќе неколку дена екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот во Охрид.

На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето. Исто така во пресрет на празничниот викенд кога во Охрид се очекуваат голем број на гости, извршено е чистење и уредување на јавните површините на трите приоди кон градот.

Исто така денес започна и украсувањето на Охридското пристаниште и крајбрежниот потег, така што екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште.