Skip to main content

Засадени десетина садници на местото од исечените стебла кај каналот Студенчишта

Општинскиот инспекторат е задолжен да контролира дали се почитуваа законските одредби за замeна на исечените дрва со нови. Контрола се прави дали се засадуваат нови стебла  ама досега нема регистер колку фиданки се посадени, вели општинскиот портпарол.

 |  Валентина Неловска  | 

Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски.

На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски.
Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети исечените дрва со нови садници, укажува Џамтоски.

Досега не се случило нашите инспекциски служби да откријат дека не се почитуваат одредбите. Посебен регистар нема колку се задсени. Но, со фактот што се издава решение за сечење и се врши надзор на засадените, досега инспекциските служби не забележале дека некој не го испочитувал тоа решение“, вели Џамтоски.

Нови стебла со борови дрвца се засадени и во околината на хотелот Инекс Олгица.Минатата година, и тука беа исечени повеќе стебла борови за кои Комисијата за сечење дрва констатирала дека се небезбедни за минувачите.