Skip to main content

Божиновски: Затворениот пазар не почна со работа, пазарџиите надвор среде зима

СДСМ вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.  Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима,  кажа од партиската говорница портпаролот Перчо Божиновски.  

 |   | 

„Дали раководството на ЈП „Градски Пазар“ работи на подобрување на современите потреби на денешното живеење како што ветуваше? Власта на СДСМ ги остави пазарџиите својата дејност да ја реализираат во неадекватни услови за работа. Јавниот паркинг и техничките одделенија сместени во зградата не работат. Со СДСМ нема унапредување на условите за работа на пазарџиите. Охриѓани се свесни дека СДСМ и готов проект не знаат да го стават во функција, а да не зборуваме за нова капитална инвестиција.“ – кажа на прес конференција портпаролот Божиновски.