Skip to main content

Влада: За 10 дена да се изработи акциски план за постапување за дивоградбите

Владата им препорача на Советите на општините Охрид,  Струга и  Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум. Ќе се формират работни група со претставници од  надлежните министерства, општините Охрид, Струга и Дебрца како и  Управата за заштита на културното наследство и Завод и Музеј. Тие ќе имаат рок од 10 дена да изработат предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со охридскиот регион и акциски план за постапување по Инвентарот на дивоградби и спроведување за соодветните студии.
Ова се дел од насоките кои птроизлегоа од Седницата на влада што се одржа во Охрид.

 |   | 

На редовната 7-ма седница што вчера се одржа во Охрид, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.

Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што во рок од 10 дена треба да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Македонија.
Од претставници од истите министерства , установи и трите општини,  Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Македонија.
Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).
На оваа седница беше разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за наведените подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија.