Skip to main content

Крадците кои „оперирале“ кај „Лагадин“ и „Елешец“ заработија кривични

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“.

 |   | 

Тешките кражби, едниот од пријавените ги сторил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор.

Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот ги транспортирал и сокривал во својот дом. Судија на претходна постапка, на првопријавениот му одреди мерка притвор во трање од осум дена.