Skip to main content

Отворен шелтер центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Охрид

Во него привремено ќе се сместуваат  жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево  и Дебар а   има капацитет за згрижување на  вкупно 12  лица. Во близина на центарот отворено е и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите.

 |  Соња Рилковска  | 



Од почетокот на  годинава е отворен шелтерот за згрижување на жртви од семејно насилство во Охрид. Во него моментално е сместена една мајка со четири деца. Специлијазираниот сервис  е опремен по сите стандарди и има капацитет за згрижување на  вкупно 12  лица.  Во него привремено ќе се сместуваат  жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево  и Дебар. Тие  се под постојан надзор на  стручни лица, придружени одат на лекар и во школо.
Во близина на центарот, кој заради безбедноста на жртвите се држи во потполна тајност е отворено и Советувалиште за ресоцијализација на жртвите.


 „Додека се сместени жртвите во Ценатрот се обезбедува се` што е потребно за да може нормално  секојдново да функционираат жртвите а покрај тоа се третираат и сите други  ризици, кои придонесуваат таа да биде жртва. 0107 Им се пружа заштита во поглед на невработеноста, парична помош и психосоцијална поддршка бидејќи крјана цел е по завршувањето на сместувањето целосно да се ресоцијализира и нормално да функцинира без насилство , вели Павлина Петреска од Центарот за социјални работи.

Семејното насилство е во пораст што е резултат на нетрпеливоста во семејството,лошата материјална и здравствена состојба ,  но и  тоа што се` повеќе се  охрабруваат жртвите да пријавуваат. Само лани се регистрирани околу  150  случаи на вавкво кривично дело во Охрид, или секој втор ден имало жртва на семејно насилство. Во план е не само за  жртвите да има посебно Советувалиште и за насилниците.


 „Во план е отворање на посебно советувалиште за сторители на насилство во моментво е само отворен Центарот за жртви и плус во непосредна негова близина советувалиштето за жртвите а се планира  да се отвори на друго место за насилниците „, вели Петреска.

Полицискиот билтен е полн со казнени дела поврзани со семејно насилство. Боксови , клоци , шлаканици, но и употреба на дрва, мебел и ножеви во расчистувањето на семејните проблеми станаа секојдневие.Насилство има на сите релации  маж тепал жена, син тепал мајка или татко, внук тепал  баба или дедо, родители малтретирале дете.

„ Насилство имаме од сите типови имаме од  психичко, физичко, сексуално насилство, економско насилство. Најчесто е жртва жената меѓутоа имаме и мажи жртви во многу помал број но и деца“, додава Петреска.

Низ земјава отворени се вкупно десет  спеијализирани сервиси за згрижување на жртви од семејно насилство. Најчесто  разнишаните семејни односи не се лекуваат. И покрај психофизичката и социјална поддршка на стручните тимови насилството  во домот се повторува.