Skip to main content

Сликата на импактот од туризмот во Охрид не е многу добра

Сега лекот за поправање на  состојбите ќе треба да го бара Секторот за Туризам и локален економски развој. Експерти од ФТУ изработија научна анализа  на економскиот импакт на туризмот во општина Охрид. Заклучоците ќе и бидат доставени на Локалната самоуправа.  

 |  Валентина Неловска  | 

Сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна.Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ Александар Трајков, Цветко Андреески и Науме Мариноски, а изработена на барање од ЛС. Бројките направени врз основа на истражувањето со современи методолошки методи покажале дека во периодот од 2000 до 2017 година во регионот доаѓале туристи, но ја избегнувале Македонија. Безбедносните и политчките кризи што се случуваа во изминатиов период во земјава го зеле данокот со  намалување на приходот од туризмот во локалната и националната економија. Загубите во домашната економија се врз основа на намалување на бројот на странските туристи, вели проф д-р Александар Трајков од тимот на професори кои работеа на стручната анализа. Со оглед на туристичкиот потенцијал кој го има земјава резултатите не се добри. Земјава во текот на 2 децении загубила 11 милјарди долари по основ на ноќевања. По истиот основ само 1,4 проценти остварен импакт од туризмот во националниот бруто домашен производ.

„ Наша проценка е дека во перидот од 2000 до 2017 година се генерирани 2 милјарди долари приходи, а се загубени околу 3 милјарди долари приходи по основ на туризмот. Тоа е сериозна сума ако се земат предвид директните ефекти или обртот во националната економија од туризмот како стопанска дејност и се доаѓа до број од 6 милјарди долари загуба за националната економија или половина буџет од РМ“, посочува Трајков.

Во 2000 година биле реализирани од 5-6 проценти ноќевања и тој број во континуитет растел.  Во 2017 год. достигнал и до 40 проценти, сепак загубите и понатака се големи, покажуваат анализите на студијата. Воведувањето на субвенциите за странските туроператори од 2011 година навака ја покажале својата предност, вели професор д-р Цветко Андреевски, кој учествуваше во изготвување на анализата , а  дава препорака за зголемување на туристичките ефекти во Охрид и државата.

„Слични мерки да се донесат и за домашните туристи. Ако се видат најразвиените туристички држави ќе видиме дека има поголем број на домашни туристи од колку странци како што е примерот со Франција која остварува 70 посто ноќевања од домашните гости, а не од странски. Треба да се посветиме на домашните туристи, да се ревидираат политиките на субвенционирање, да се зголеми бројот на авио летовите кон Охрид“, предлага проф. д-р Цветко Андреевски.

Изготвувачите на анализата очекуваат во 2020 пораст на странските туристи за 12,5 посто, а кај домашните гости за 3 проценти.
Експертите од ФТУ, по изработката на стручната анализа на економскиот импакт на туризмот во општина Охрид, заклучоците ќе ги достават до Локалната самоуправа. Мерките за поправање на состојбите ќе треба да ги бараат од Секторот за Туризам и локален економски развој.