Skip to main content

Јордановски: Се вработуваат највлијателните а не најспособните

Претседателот на огранокот на  Граѓанско демократската Унија во Охрид денеска на прес конференција обвини за неправилности при вработувања во општа болница Охрид по последниот конкурс во оваа установа.  Се вработуваат највлијателните,а не најспособните, кажа претседателот на ГДУ Охрид, Јордановски адресирајќи ги обвинувањата кон претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Последниот конкурс за вработување во ЈЗУ Општа болница Охрид беше тема на денешната прес конференција на ОО на Граѓанско демократската унија ( ГДУ ) од Охрид. Како во минатото, така и сега изборот се сведе на највлијателните,а не на најспособните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Интересно во оваа ситуација е што не се однесува на власта, во оваа ситуација играта ја игра опозицијата и успева во своите намери, истакна на пресот Даниел Јордановски од ГДУ.

„ Знаете ли кој го доби овој конкурс? Тоа сите заедно ќе треба да го прашаме господинот Донев, претседателот на огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Се надевам ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати зошто не успеале да го добијат ова работно место,кој и зошто го добил.“ -Јордановски –  Претседател на ГДУ Охрид

Изјавите на Мицковски дека нема да дозволи клиентелизам и партиски вработувања, гледаме дека  биле само за политички поени, истакна Јордановски. За жал обновувачите на Македонија уште не почнати со обновата си продолжија по старо, додаде претседателот на охридската организација на ГДУ.

„Секојдневните пресови на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам,клиентелизам,како да ги прават за пополнување на некоја агенда. Нивниот претседател на огранокот во последно време го нема, а сега знаеме и зошто. Постапката за вработување заврши со тужби, жалби, кои искрено не веруваме дека ќе вродат со плод. “ – кажа Јордановски.


Од ГДУ ги запрашаа ВМРО ДПМНЕ,  Мицковски и Донев да кажат кои се условите за обичниот граѓанин да добие работно место, дали нашите сограѓани кои ги исполнуваат сите критериуми, со висок просек и повеќегодишно искуство имаат право да се борат за одредено работно место.