Skip to main content

Донев: Јордановски да се извини или ќе следи тужба

Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид,  нарекувајќи ја  прес конференцијата клеветничка ги демантира наводите изнесени од Даниел Јордановски од ГДУ како лаги и невистини со кои се повредува  честа и угледот на споменатите лица.

 |   | 

„Го повикувам да ја праша јавно директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид зошто за доктори не се примени највисоко рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива. Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка, ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа доктори со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик, а не листа на избрани кандидати“ стои во писмениот демант од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Донев го повика Јордановски, согласно Закон, јавно да се извини во рок од 24 часа на начин и место како што беа првично дадени лажните тврдења, во спротивно најави дека до надлежниот суд ќе покрене соодветна тужбена постапка.