Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ: ЈП „Колекторски систем“ никако да профункционира

Новото државно јавно претпријатие „Колектосрки систем“ блокирано. Наместо нормално функционирање на новоформираното претпријатие власта имала други приоритети, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ никако да профункционира со полн капацитет. Својата неспособност СДСМ ја докажаа со тоа што уште неотворено претпријатието го блокираа, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

„Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра.  Пресудата е добиена по доставената тужба за парите со кои бил покриван претходниот долг од страна на општина Струга за двете општини. Со самиот делбен биланс овој долг го презема новото претпријатие.“ – кажа Божиновски.

ВМРО ДПМНЕ бара одговори од власта зошто наместо нормално функционирање поприоритетно било вработувањето и доделувањето на бруто плати по партиски клуч. Забелешки имаат и во поглед на надлежностите на новото претпријатие.

„Претпријатието се формира меѓутоа истото сè уште ги нема преземено полните наджлежности, така што надлежностите за заштита на животната средина, за одведување на отпадни води остануваат и понатаму под ингеренција на општина Охрид.“- Божиновски.

Од ВМРО ДПМНЕ порачуваат претпријатието да се фокусира на справувањето со горливите проблеми како што е проблемот за излевање на фекалиите во Охридското Езеро.