Skip to main content

10 милиони денари за инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделското земјиште

Земјоделците покажуваат голема заинетересирансот за оваа можност. Во тек е Јавниот повик од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а крајниот рок за доставување на барањата е до 25-ти овој месец.

 |  Валентина Неловска  | 

Од програмата за капитални субвенци за развој на 8 -те плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој е распишан јавен повик за аплицирање на проекти за таа намена. Целта на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги подобри руралната патна инфраструктура, која е предуслов за развој на земјоделството и руралниот развој.

„За 2020 вкупниот фонд е 10 милиони денари за сите плански региони. Може да аплицираат само Центрите за развој на планските региони. Максималниот износ по апликација е 2 милиони денари, а може да се достави една апликација“.

Со овој вид на инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, земјоделците полесно ќе ги вршат земјодекските агротехнички мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи. Во нашиов случај подготвен е проект за 3 општини. Имаме партнери во општините Дебрца, Вевчани и Македонски Брод. Во тој нивен земјоделски дел каде што има интезивна земјоделска дејност ќе се поврзуваат со тампон патиштата, вели Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападниот плански регион.

„Има ниви во Дебрца, Горенци кај Аеродромот, земјоделски површини кои се обработуваат и практично патот ги поврзува парцелите, пристапноста за да може да минува механизацијата и да го олеснат земјоделското работење“, вели Лозаноска.

Општините ги избираат проектите според потребите и аплицираат до Центарот за регионален развој. Тие најдобро ги знаат ситуациите на терен , подвлекува Лозаноска. Минатата година, во рамки на оваа Програма проекти апликации доставиле четири центри, за 22 општини, а вкупната вредност била 24,2 милиони денари, но заради доцнење на јавниот повик субвенциите не биле доделени.