Skip to main content

ОО СДСМ Охрид: ВМРО ДПМНЕ за 11 години власт не вложи ниту 11 денари во колекторот

ВМРО ДПМНЕ најмалку има право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување, реагираат денеска од ОО на СДСМ на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ за работењето на Државното јавно претпријатие Колекторски систем.

 |   | 

 

ВМРО ДПМНЕ најмалку има право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување, реагираат денеска од ОО на СДСМ на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ за работењето на Државното јавно претпријатие Колекторски систем.


Господа од ДПМНЕ, Вие сте тие кои не само што не вложивте, туку успеавте со Вашата негрижа Швајцарската донација во редуктори во вредност од 1 милион швајцарски франци во 2013 година за само една година да ја сотрете и да  нема ништо од сето тоа.
Споменувате делбен биланс и вредности од истиот. Господа од ДПМНЕ, само да Ве потсетиме дека тој делбен биланс го гласаа и Вашите советници во Советот на Општина Охрид и истиот едногласно беше усвоен од сите присутни советници. И од каде сега наеднаш ВИЕ како да не сте од тука се оградувате од нешто што сте дел. Но, таквата практика ви е запишана во кодот: „Ние никогаш, само СДСМ е виновна за се’ и кога е опозиција и кога е власт.Затоа не треба многу да се мудрува, многу е едноставно.  ПОГЛЕДНЕТЕ ГО делбениот биланс  И ПОТРУДЕТЕ СЕ да ги пронајдите вредностите. Не е ни за чудење што Вие и кога сте го гласале воопшто и не сте го погледнале, а уште помалку проанализирале“ – се вели во писмената реакција од ОО на СДСМ – Охрид.

„Токму таа Ваша незаинтересираност и негрижа можевте, а и за блиска иднина ќе можете да ја видите на снимките кои се прават за време на веќе отпочнатата санација на колекторскиот систем кој во целост беше заборавен од Вас“, велат од СДСМ.  Воедно потсетуваат дека владата од буџетот обезбеди 4,2 милиони евра за санирање на најкритичните места каде што имало излевање на фекалии во езерото  и да го преземе Колекторот и долговите.