Skip to main content

Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа е стабилна

Изминатово деноноќие,безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

 |   | 

Утрово околу 07 часот,во рамки на активностите на полицискитеслужбеници регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата Братство и eдинство во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, се одвиваат тековно и без проблеми. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините,а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Од СВР Охрид со апел до граѓаните строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки,ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.