Skip to main content

Пациентите од Охрид со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување ќе се сместуваат на дделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница

Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување.

 |   | 

Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување.

Целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница

Целокупниот медицински персонал од јавните здравствени институции, кој според проценките е во доволен број, ќе биде ставен на располагање за навремено и тековно делување, согласно протоколите

Формирани се тимови од доктори и медицински персонал кои имаат големо искуство во интензивната нега и истите ќе бидат ангажирани за интензивен болнички третман во изолација. За оваа намена обезбедена е соодветна заштитна опрема

Утврдена е и логистика за координирање помеѓу сите надлежни институции, со цел да бидат ставени на располагање сите ресурси и заеднички да се придонесе за посоодветно надминување на оваа состојба.

На состанокот беше утврдено да се упати ЈАВЕН АПЕЛ до сите граѓани на Општина Охрид да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од Корона вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови.

Само така ќе можат да помогнат и да придонесат за зачувување на своето здравје, здравјето на најблиските и целокупното јавно здравје истакна на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски.