Skip to main content

Нови мерки и препораки на ЕВН за заштита од корона вирусот

Приемните канцеларии и Инфо центарот на ЕВН нема да работат во периодот додека се на сила вонредните мерки за заштита од вирусот корона. Во периодот на вонредна состојба, нема да има исклучување поради неплатени сметки, а нема да се отчитуваат ниту броилата.

 |   | 

Приемните канцеларии и Инфо центарот на ЕВН нема да работат во периодот додека се на сила вонредните мерки за заштита од вирусот корона. Во периодот на вонредна состојба, нема да има исклучување поради неплатени сметки, а нема да се отчитуваат ниту броилата.

Скопје, 15.03.2020: Согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема нови мерки за заштита на корисниците и вработените. За да се придонесе кон заштита на јавното здравје во периодот додека на сила се вонредните мерки, нема да се исклучуваат корисниците поради неплатени сметки. Нема да се отчитуваат ни мерните места, а корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности односно просек од потрошувачката во последните 12 месеци, како во летниот период. По завршување на кризата со повторното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања во потрошувачката.

Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Корисничко енерго центри низ државата, како и Инфо центарот во Скопје. Корисниците во овој период треба да ги користат онлине услугите на ЕВН и телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар. На порталот www.evnonline.mk, без да се регистрираат корисниците може: да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури. Со регистрација на профилот достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање.

ЕВН ги засили и мерките за заштита на човечките ресурси. Строго се применуваат внатрешните процедури за заштита од ширење на вирусот и во целост се применуваат владините мерки и препораки. Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, но заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

Ги замолуваме корисниците овие мерки и препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Ова е неизбежно за да останеме сите заедно во добро здравје и заедно да ја надминеме оваа состојба.